FOOD CONSULTING - друштво за консултантски услуги





Тоа што пред 30 години беше далеку од производствените процеси во прехрамбената индустрија кога се бараше начин како да се произведе квалитетна и сигурна храна за учесниците на вселенските мисии, денес станува секојдневна пракса.
Традиционално во прехрамбената индустрија квалитетот се испитуваше врз база на случа-јно земени примероци од финалните произво-ди. Овој начин се покажа недоволно ефика-сен и реактивен наместо превентивен. Реактивниот систем значеше да се направи загуба, да се фрли финалниот производ за-тоа што проблемот беше евидентиран на крај откако ќе се произведе . . .
Доколку сте сопственик, директор, раководител или вработен во претпријатие кое произведува или манипулира со прехрамбени производи - имаме неколку информации кои би го задржале вашето внимание.

Што е HACCP?

H - Hazard - ОПАСНОСТ
A - Analysis - АНАЛИЗА
C - Critical - КРИТИЧНИ
C - Control - КОНТРОЛНИ
P - Points - ТОЧКИ
HACCP е систем на работа (самоконтрола) кој е превентивен и кој служи сите опасности (физички, хемиски и микорбиолошки) по здравјето на консуматорот да се отстранат или да се сведат на прифатли-во ниво за време на производството, преработката или складирањето на прехрамбе-ните производи.

HACCP - зошто е потребен?

  • Со воведување на HACCP системот се намалуваат конечните трошоци на прои-зводството, се зголемува безбедноста на вработените и на потрошувачите, се намалуваат рекламациите а со тоа се зголемува репутацијата на производителот или давачот на услугите

  • HACCP е законска обврска како во Е.У. така и во Република Македонија
  • Го зголемува квалитетот и продуктивноста
  • Неопходен е за пласман на интернационалниот пазар

HACCP - кому е потребен?

HACCP им е потребен на сите кои работат со храна без разлика дали е во прашање производство, увоз, извоз, складирање или директно служење на прехрамбените производи. Според сектори можат да се набројат:

  • Месопроизводство, преработка и продажба на месо и месни производи
  • Производство и продажба на производи од житарици
  • Рибници, преработка и продажба на риба и рибни производи
  • Подготовка на свежа и смрзната храна
  • Производство на свежо, преработено и смрзнато овошје и зеленчук
  • Пакување на вода и производство на освежителни пијалоци
  • Трговци со храна и угостителски објекти
  • Мензи во детски градинки, училишта, претпријатија како и пензионерски домови
  • Секаде каде што се врши транспорт и складирање на храна


  © Food Consulting webmaster