FOOD CONSULTING - друштво за консултантски услуги









OHSAS 18001-СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ РАБОТА


Опасност по здравје и безбедност при работа е настан или серија на настани кој може да доведат до смрт, професионална болест, повреда, штети или други загуби.

Што е OHSAS 18001?

OHSAS 18001 е системот за управување со здравјето и безбедноста при работа кој на организациите им овозможува конзистентно да ги идентификуваат и да управуваат со ризиците во однос на здравјето и безбедноста на работа на своите вработени.
Стандардот OHSAS 18001 е развиена со помош на бројни меѓународни тела за стандардизација и сертификација.
OHSAS 18001 е дизајниран во согласност со ISO 9001 и ISO 14001 и на тој начин е компатибилен со истите т.е. е лесно да се интегрира кон постоечки системи за упра-вување со квалитетот, заштита на околина.

Зошто да се примени?

Во почетокот може да изгледа дека заштитата на здравјето и безбедноста значи трошок со мал финансиски поврат. Практично е докажано дека инвестирањето во имплементација на систем заштита на здравјето и безбедноста при работа се враќа преку намалување на трошоците: несреќа и повреда при работа, професионални оболувања, оштетувања и дефекти на постројките, машините и опремата и трошоци за казни.

Користа од системот за управување со здравјето и безбедноста вклучува :

  • Намалување на отсуствувања од работа
  • Намалување на трошоците за рекламации во врска со работата на организацијата
  • Намалување на трошоците за несреќи и повреди при работа
  • Подобрување на бонусот при осигурување на опремата, имотот и вработените
  • Подобрување на продуктивноста
  • Позитивен одговор на купувачите кои сакаат низ соработката со организацијата, да учествуваат во подобрувањето на условите на работа во поглед на заштитата на здравјето и безбедноста при работа

Бројот на несреќите и исплатените оштети за повреди и смрт при работа во Македонија (2005-2006 г.)

број на повреди
висина на исплатени оштети во ден.
*според податоците на Вардар Осигурување, Македонија


  © Food Consulting webmaster