FOOD CONSULTING - друштво за консултантски услуги


Потребата на индустријата во Македонија а и пошироко во регионот повторно да се наметнат на пазарот во Европската Унија, ги доведе во незавидна положба сопствениците и менаџе-рските тимови бидејќи се соочија со се потежок пласман на нивните производи на тој пазар. Не само заради капацитетите со застарена технологија и неодржуваните објекти, туку и поради непознавањето на нормативите кои станаа дел од светската политика за производство и трговија. Тоа беше поттик да се формира оваа фирма составена исклучиво од високообразувани кадри, кои своите знаења во оваа област ги стекнуваа во високообразовните установи во Македонија но и надвор од неа.

НАША МИСИЈА

Наша мисија е да развиеме (воведеме) начин на работа и технологии кои ќе доведат до зголемување на вредноста на бизнисите и применување на нови корисни алатки со кои нашите клиенти полесно и поуспешно ќе влезат во борба со конкуренцијата. За да го постигнеме тоа, секогаш се трудиме нашите знаења и идеи да ги имплементираме на најдобар и најприфатлив начин за нашите клиенти.
Дел од нашата мисија е развивање на одлична соработка со консултантските фирми кои се отворени за соработка и секако активно работење на развивањето на консултантската дејност.


Начин на кој работиме

Слободната креативност е важна, но ние веруваме во структуиран креативен процес. Затоа ги почнуваме сите проекти со интензивна заедничка работа со нашите клиенти, откривање на нивните потреби и бараме заеднички модел за совладување на предизвиците со кои неминовно се соочуваме. Нудиме континуирана едукација во самиот процес на имплементација на одреден стандард, кој на клиентите ќе им овозможи понатамошно унапредување и справување со идните нормативи. Кога ќе ја одредиме целта и начинот како да стасаме до истата, целата наша креативна енергија ја насочуваме во вистинска насока, оставајќи позади себе траги во компаниите во форма која целосно одговара на барањето на клиентите.


Членства

Фуд Консултинг е член на Институтот за Стандардизација на Република Македонија (www.isrm.gov.mk) со цел да се биде редовно известувана за активностите на ИСРМ, да учествува во работата на органите на ИСРМ и Техничките работни тела на ИСРМ, како и да дава иницијативи за остварување на неговите работни задачи и истовремено да учествува во работата на техничките тела на европските и меѓународните организации за стандардизација. Фуд Консалтинг е дел од првиот технички комитет во Република Македонија за квалитет на храна ( ИСРМ ТК 13).

Членка на "Стопанската комора на Република Македонија". (www.mchamber.org.mk)

Членка на "Сојуз на стопански комори на Македонија". (www.sojuzkomori.org.mk)


Високото ниво на знаење комбинирано со искуството во областа во која бевме пионери а денес сме водачи, го гарантираат нашиот но и успехот на нашите клиенти.
Кон нашата работа од самиот почеток, исто како и денес, и при-стапуваме со уживање и ентузијазам, и благодарение на добрата организација им го даваме на нашите клиенти тоа што им го ветуваме. Дури и повеќе од тоа...

управител, Александра Марковска
e-mail

ВРАБОТЕНИ (информации за вработените во Фуд Консалтинг)



  © Food Consulting webmaster